Американската атлетичарка Сидни Меклафлин го подобри својот светски рекорд на трката на 400 метри со пречки и на најубав можен начин го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио. Мекафлин, која има 21 година, патеката ја помина за 51,46 секунди, а претходниот светски рекорд, кој исто така го држеше таа, беше со време 51,90 секунди.
Сребрениот медал го освои Далила Мухамед со одлично време од 51,58, што исто така е подобро од стариот светски рекорд. На победничкиот подиум како третопласирана се најде Фемке Бол од Холандија со 52,03 секунди.
Интересно е што во оваа дисциплина и на машката трка падна светски рекорд, го постави Норвежанецот Вархолм, а и на таа трка исто така и второпласираниот истрча подобро време од стариот светски рекорд.