16.8 C
Skopje
сабота, 27 септември 2025

Што се случува во Менхенгладбах: Ајнтрахт им даде пет гола за едно полувреме

Борусија Менхенгладбах е очајна на почетокот на оваа сезона во Бундеслигата. И кризата никако да помине. Напротив, таа е сѐ поголема.

На денешниот натпревар против Ајнтрахт Франкфурт се чини дека достигна и кулминација. Гостите по првото полувреме водат со неверојатни 0-5. Вакви резултати се вистинска реткост во Топ 5 лигите.

Ајнтрахт поведе со голот на Кох во 11-тата минута, четири минути погоди и Кнауф, а во 35-тата Буркарт зголеми на 0-3.

До крајот на првиот дел погодија и Чаиби и Узун Џан за огромни 0-5.

- Оглас -

Најнови вести