За фудбалска историја – Што среќа ќе имаа, 20 пати по ред се гости во националниот куп

Хрватскиот гигант Хајдук продолжува со невообичаената авантура и низа на гостувања во Купот на Хрватска и популарните „Били“ повторно ќе играат на гостински терен, овојпат во Загреб, против Локомотива во четвртфиналето на ова издание на најмасовното натпреварување кај актуелните светски вицешампиони.

Хајдук има оригинална серија од 20 натпревари на кои постојано игра како гостин во Купот на Хрватска, нешто што веројатно не е забележано во историјата на фудбалот.

Во 2018 година играа финале во Винковци, па гостувањето кај Локомотива ќе значи и јубилејно 20-то гостување по ред во Купот на Хрватска.

Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат на први декември, а покрај мечот меѓу Локомотива и Хајдук, ќе се играат и дуелите Динамо Загреб против Риека, или Ориолик, Осиек со Славен Белупо и Горица против Истра.

Ориолик и Риека треба да го одиграат последното осминафинале, а Дарко Велковски и соиграчите ќе му гостуваат на третолигашот на 14 ноември.

 

- Оглас -

Најнови вести