26.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Што стана со ривалитетот? Интер сака да ја купи ѕвездата на Јувентус, Реал бара играч на Барселона

Интер подготвува спектакуларен обид за трансфер на Пауло Дибала од Јувентус, што ќе оддекне како голема фудбалска бомба на Апенините, ко се реализира.

Двете екипи имаат огромен ривалитет, а на Чизмата го играат и најголемото дерби, наречено „Дерби на Италија“.

Газета дело Спорт најавува дека веќе имало контакт меѓу Бепе Марота, поранешен висок функционер во Јувентус, сега директор во Интер и агентите на Дибала.

Истовремено се појави уште една интересна најава за можен трансфер на играч кој ќе предизвика потрес на пазарот и меѓу вечните ривали во Шпанија, Реал Мадрид и Барселона.

Кралскиот клуб сака да го ангажира дефанзивецот на Барса, Роналд Араухо. Реал и Барса имаат огромен ривалитет и го играат познатото „Ел Класико“ едно од највпечатливите дербија во светот на фудбалот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести