Што ти е германски затвор – И кога ќе те уапсат, можеш да гледаш фудбал на мобилен (Видео)

Берлин наликуваше на „воена зона“ пред и по натпреварот меѓу Холандија и Турција, при што полицијата мораше да интервенира и да ги приведе хулиганите кои го нарушуваа редот по улиците на германскиот главен град.

Жестоки немири имаше на крајот од мечот, блиску до фан-зоната за навивачи на УЕФА, со оглед дека Турците не можеа да се помират со поразот од 2:1, иако до средината на второто полувреме имаа еден гол предност.

Многу навивачи и пред натпреварот завршија зад решетки, меѓу кои и група холандски навивачи на кои чуварите на затворот сепак им дозволија да го следат мечот.

Холанѓаните носеле мобилен телефон кој го ставиле на вратата на затворската ќелија и така го гледале својот национален тим како напредува до полуфиналето, каде што ги очекува дуел со Англија.

Dutch football fans watching Netherlands v Turkey in a jail cell after being arrested
byu/Rose_of_Elysium insoccer

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести