Дан Еванс е еден од најинтересните ликови во светот на тенисот, а ноќеска во Мелбурн, на Австралија опен ги насмеа сите со начинот на кој му помогна на ривалот Андреј Рубљов.
Британецот во паузата меѓу две игри забележа дека Рубљов бара нешто за освежување и со прецизен бекхенд од своето место му фрли банана.
Рубљов го прифати подарокот, но на терен немаше милост и лесно и убедливо со 3:0 го елиминира Еванс во 1/16-финалето на првиот гренслем во сезоната.
Dan Evans, Rublev'e muz ikram ediyor 🙂pic.twitter.com/Ce8VjjGEBa
— Dodikan #Tennis (@DogukanDilber_) January 21, 2023
Интересно е што сите пет меча што завршија досега беа во три сета, а со по 3:0 победија Руне против Амбер, Де Минаур со Бонци, Пол против Бруксби и Волф со Мох.
И кај дамите немаше многу неизвесност и само чешкото дерби меѓу Фрухвиртова и Вондрусова заврши во три сета, со триумф од 2:1 на Фрухвиртова.
На останатите пет без загубен сет понатамус е пласираа Плишкова, Бенчиќ, Џанг, Векиќ и Сабаленка.