Хрватите немаат дилеми: Јасно е како ден дека Динамо Загреб е половина тим без капитенот Адеми

Сите аналитичари речиси комплетно се согласија дека Динамо Загреб е двојно послаб без својот капитен Аријан Адеми. Македонскиот репрезентативец е повреден и не играше вечерва во Виена против Рапид, на меч што хравтскиот првак го загуби со 2:1.

„Јасно се виде дека Адеми е исклучително важен играч за Динамо Загреб. Тој е главен комнадант на теренот и без него тимот е двојно послаб. Недостасуваше неговиот квалитет, борбеност, начин на мотивација со кој успева да ги крене соиграчите на теренот. Динамо ни одблиску нема таков профил на фудбалер, што се виде и вечерва во Виена“, пишува во својата анализа, Никола Јурчевиќ, поранешен познат играч на Динамо, кој ја почна играчката кариера кај популарните Модри, а му беше и тренер во два наврати.

Адеми се повреди на дуелот меѓу Македонија и Германија на 11 октомври, меч што го загубивме со 0:4 од четирикратниот светски првак во Скопје.

Тогаш Кај Хаверц падна на ногата на Адеми и нашиот репрезентативец мораше да го напушти теренот во 25-тата минута. Според најавите, повредата не е наивна и Аријан може да ги пропушти и последните два квалификациски дуели за настап на Мундијалот во Катар против Ерменија на 11 ноември и со Исланд три дена подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести