Кога РК Вардар гостува во Битола, тогаш тоа е празник на ракометот, но и „вонредна“ ситуација во градот. Сите патишта и вечерва (18 часот) ќе водат кон салата „Боро Чурлевски“ која ќе биде исполнета до последното место, со оглед дека билетите беа распродадени за рекордни седум минути.
Шампионот Еурофарм Пелистер е умерен фаворит во пресрет на дербито, барем така најавуваат квотите во Sport Life за ова големо дерби. За победа на Пелистер се нуди квота 1.50, а ако победат вардарци коефициентот е одличен, 3.30. Голема умешност е да се погоди „икс“ во ракометот, а квотата е 9.00.
Што вели традицијата и статистиката? Секој од ривалите победил на домашен терен на последните десет натпревари. Последната победа на Вардар во Битола датира од 1 мај 2022 година.
Атмосферата полека се загрева и јасно е дека ќе биде пеколно вечерва во салата „Боро Чурлевски“.