Во коло кога има многу дерби-мечеви низ европските Топ 5 лиги, разбирливо е да има и повеќе поделени мислење кај играчите на Спортска прогноза. Според досегашните прогнози, голема неизвесност треба да има на дербито Манчестер сити – Ливерпул. Очекувањата се дека Сити ќе има поголеми шанси за победа, а само една четвртина верува дека Ливерпул ќе покаже шампионска сила и дека може со три бода да се врати од гостувањето кај можеби најголемиот конкурент за одбрана на тронот.
На гости во дерби-мечеви играат и шампионите на Италија и Германија, но за разлика од Ливерпул, прогнозерите многу повеќе веруваат во триумфи на Јувентус и Баерн. Досега има над 70 отсто прогнозери кои веруваат во двојка на Јувентус против Лацио, додека победа на германскот и европски првак во Дортмунд против Борусија „чекаат“ две третини од играчите на Спортска прогноза.
Секако, освен дерби-дуелите, во понудата има и останати мечеви, вкупно 13 на број. За Среќна 13-ка, односно точно погодени сите 13 парови, подарокот е мобилен телефон „ајфон 11“. Со една или две промашени, добивате вредносни ваучери од по 1.000 или 500 денари во Sport Life.
Спортска прогноза е БЕСПЛАТНА ИГРА и нема што да загубите, а може да добиете вредни подароци. Затоа не чекајте и како дел од Sport Life клубот вклучете се и прогнозирајте.