Прволигашот од Охрид, Воска спорт, предизвика вистински скандал во македонскиот фудбал, откако се повлече од теренот и не го доигра дуелот против Вардар. Домашните фудбалери во 76-тата минута го напуштија теренот, кога резултатот беше 1-1.
Делегатот на натпреварот, Славчо Ѓорѓијоски од Прилеп, во записникот запиша:
Според Правилникот за натпреварување на ФФМ, натпреварот ќе биде регистриран со службени 3-0 за Вардар, а против Воска ќе биде покрената дисциплинска постапка.
Но, она што го вели Дисциплинскиот правилник на ФФМ, веројатно ќе значи и крај на прволигашката авантура на Воска. Екипата нема да биде исклучена, но ќе заработи казна со одземање на бодови, па шансите за опстанок ќе си ги сведе на минимум.
Освен одземањето на три до девет бода, казна ќе заработи и оној кој ја наговорил екипата да го напушти теренот, но и фудбалерите кои не го продолжиле мечот.
Комисиите и органите на ФФМ ќе имаат полни раце работа во следниот период.