Што ќе гледа центарот на Феникс санс? Во финалето на ЕП вечерва ќе играат Шпанија и Африка

НБА кошаркарот на Феникс санс, Бизмак Бијомбо, објави контроверзен пост на Твитер што испадна многу навредлив за француската репрезентација непосредно пред финалето на Европското првенство со Шпанија, вечерва од 20.30 часот.

Бијомбо објави дека гледа дуел меѓу Шпанија и Африка во финалето во Берлин, алаудирајќи на многу репрезентативците на Триколорите кои се црномурести и потекнуваат од најсиромашниот континент.

„Јас гледам најава за меч меѓу Шпанија и Африка. Повеќе нема да пишувам ништо“, објави центарот на Феникс санс, кој и самиот потекнува од Африка и е репрезентативец на Конго.

Пото имаше многу критики на сметка на Бизмак, па тој го избриша постот и објави дека немал намера никого да навреди и дека само се пошегувал.

Шпанија и Франција ќе играат во „Мерцедес-Бенц арена“ во големото финале на ЕП од 20.30 часот, а претходно во меч за бронза ќе играат Германија и Полска од 17.15 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести