Што зборуваше Сари за Јувентус кога беше тренер на Наполи?

Маурицио Сари денеска и официјално беше промовиран во нов тренер на Јувентус. Италијанскиот стратег доаѓа од Челзи, каде што помина само една сезона, а успеа на „Стемфорд бриџ“ да го донесе трофејот во Лигата на Европа, а лондонскиот тим заврши на третото место во Премиер лигата и обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона. Сепак, овие успеси не беа доволни Челзи да го задржи Сари, па тој реши повторно да се врати во Италија.

Сари потпиша договор до 2022 година со италијанскиот првак, кој до пред две години беше негов најголем ривал. Тренерот кој беше на чело на Наполи во минатото, не успеа да ја турне Старата дама од тронот. По еден меѓусебен меч на којшто Наполи не успеа да победи против Јувентус, Сари беше запрашан што треба да добие тимот од југот на Италија за да добие пенал. Одогворот на Сари беше многу јасен: „Мора да имаме дресови со линии“, потенцирајќи дека Јувентус има такви дресови.

Сари го доби тој дрес со линии, па сега останува да видиме колку пенали ќе добие Сари како стратег на италијанскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести