Што значи да се игра на гренслем, Медисон Брингл со реакција што е хит се израдува како да победила (Видео)

Медисон Брингл со интересен гест покажа колку на тенисерите и тенисерките им значи учество на гренслем турнир, а се радуваше како да победила кога го освои првиот гем против Наоми Осака, по црната серија од 7 загубени игри.

Американката во меч од второто коло на Австралија опен го загуби првиот сет со 0:6, потоа Осака поведе со 1:0 и во вториот сет, но серијата на Јапонката беше прекината.

Брингл израмни на 1:1 со првиот освоен гем на мечот и се радуваше како да победила. Публиката ја награди со овации за реакцијата, а на крајот Осака, која ја брани титулата во Мелбурн славеше со 6:0, 6:4.

https://twitter.com/tennis_gifs/status/1483723520291049473?s=20

Брингл има интересна приказна и беше една од најдобрите јуниорки во 2007 година, рангирана на четвртото место.

Потоа следеше вистинско мачење за неа како сениорка, откако во квалификациите не успеваше да се пробие на главната сцена и тоа траеше долго, од 2008 до 2014 година.

Низата на неуспешни обиди беше неверојатна, Медисон не најде рецепт да се пласира на главната сцена на дури 24 едноподруго гренслем турнири.

Спас за неа беше вајлд-картата што ја доби за настап на САД опен во Њујорк во 2014 година, со што беше прекината црната серија.

Најголем успех и е победата против легендарната сонародничка Серена Вилијамс во 2017 година.

Сега повторно имаше скромен настап на Австралија опен, а нејзината противничка Осака ја продолжи серијата без пораз во новата година.

Наоми има скор од 5-0 во 2022 година и во третото коло во Мелбурн ќе игра против  тенисерка што е во топ-форма и што има уште подобра серија од неа.

Аманда Анисимова ќе се обиде да ја изненади Осака, а ќе тргне во дуел против актуелната шампионка на Австралија опен со биланс од 7-0 што го има во новата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести