Барселона продолжи со слабите игри во шпанското првенство откако на гости кај Алавес одигра само 1:1. Каталонскиот гигант на полувремето беше во негатива од еден гол и тоа порад катастрофалната грешка на голманот Нето. Во вториот дел погоди Антоан Гриезман, но еден гол беше доволен само за бод на фаворитот.
Капитенот на Барселона, Лионел Меси пред крајот на првото полувреме заработи жолт картон, иако Аргентинецот направи потег кој можеше да го чини и исклучување. Меси нервозно реагираше кон судијата Алехандро Хернандес и со топката буквално го гаѓаше главниот арбитар.
За овој свој потег, Меси заработи жолт картон, а иако не го погоди судијата, намерата беше неспортска.