Хари Кејн беше последниот бедем на одбраната на Тотенхем во 72-рата минута, а го спаси својот тим од негатива против Барнли со своето најсилно оружје – ударот со глава.
Еден од најдобрите премиерлигашки играчи и стрелци почуствува каде треба да се постави по корнерот на домаќините и по ударот на стоперот Џејмс Тарковски, ја изби топката со глава од гол-линијата.
Само четири минути подоцна англискиот репрезентативец покажа каков фудбалски мајстор е и со глава прекрасно му асистираше на Сон Хеунг-мин за победа на Тотенхем од 1:0.
https://twitter.com/sparknzsport/status/1320844663939420160?s=20
За Кејн тоа е рекордна осма асистенција во Премиер лигата во шесттиот меч сезонава. Двата клучни моменти на мечот што го исфрли Тотенхем на петтата позиција беа во режија на шпицот на англиската реепрезентација.
Моментот од 72-рата минута и одбранбената реакција на Кејн можете да ги погледнете ОВДЕ.