Што значи црна мачка на гол – Несреќа за Унгарците и спас за Хрватите (Видео)

Црна мачка на гол, за некого среќа, за други несреќа, а во 2006 година на дуелот во младинските категории фортуната им се насмевна на чуден начин на Хрватите и ги разочара Унгарците.

На дуелот на репрезентациите за играчи на возраст до 19 години во еден момент Унгарците изведоа прекрасна акција, голманот на „коцкестите“ погреши и веројатно ќе примеше гол, но имаше помош од неочекуваниот гостин на теренот.

2006 U19 match between Hungary and Croatia: a black cat stops the ball on the croatian goal line from soccer

Црна мачка се појави на гол-линијата, фудбалот го погоди гостинот и ја задржа топката на гол-линијата. Како сведок и директен виновник што Унгарците не поведоа со 1:0 во еден од најчудните и најсмешни фудбалски моменти во овој милениум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести