Штокласа има мака – Повреден е најстандардниот репрезентативец на Лихтенштајн (Фото)

Јенс Хофер, стоперот на Лихтенштајн, се надева дека ќе игра вечерва во Вадуз против Македонија, но неговиот настап на „Рајнпарк“ е неизвесен поради повреда.

Хофер, кој игра во швајцарскиот Бил заедно со Макс Гопел, се најстандардните репрезентативци на Лихтенштајн, со најголема минутажа оваа година.

И двајцата дефанзивци одиграа вкупно по 708 минути од можни 720 и ако Хофер не игра вечер против Македонија, тоа ќе биде голем проблем за селекторот Мартин Штокласа.

Хофер има проблеми со коленото и тренираше со намален интензитет пред дуелот со нашата репрезентација.

„Сакам да играм и се чувствувам подобро, но не сум сигурен дека сум 100 отсто подготвен. Сепак, за репрезентацијата мора да се стиснат заби, па се надевам дека ќе бидам на терен. Ќе биде тешко против Македонија, тие се фаворити, но и притисокот кај гостите е многу поголем“, вели Хофер.

Тој играше во март годинава против нас во Скопје, кога Македонија убедливо со 5:0 го победи Лихтенштајн.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести