Штом Модриќ вака се воодушеви, голот мора да е мајсторски (Видео)

Реал Мадрид се подготвува за тешкото гостување вечерва во Билбао против Атлетик и непријателски настроената баскиска публика, на Кралскиот клуб ќе му треба и разигран Лука Модриќ за да победи.

Модриќ се најде на мета на критики во последно време, заморот кај него беше видлив, но тој одмори, не играше на куп мечот со Вилјареал, и според тоа што го прикажува на тренинзи, како одвај да чека да заигра.

Хрватскиот ветеран има докажано дека е мајстор за шутеви со надворешниот дел од копачката, а вчера кога му даде гол на Андриј Лунин со шут со надворешна, Лука си се воодушеви од самиот себеси.

„Охохо. Изгледа дека ќе оди надвор, но се враќа кон гол“ – искоментира Модриќ кој се израдува како да дал многу гол во некој многу важен меч.

- Оглас -

Најнови вести