Штрковите од Аеродром ги раширија крилјата и одлетаа во финале

МЗТ Скопје Аеродром е прв финалист на плејофот во македонскиот кошаркарски шампионат. Штрковите го елиминираа вечниот ривал Работнички со 2-0 во победи, вечерва во СРЦ Кале со 73-62.

Како и на првиот меч, дуелот заврши со 11 поени разлика за МЗТ и повторно одлучувачки беше поголемиот фонд на квалитетни играчи, што излезе на виделина во последната четвртина.

Дербито беше и со мали прекини и инциденти на трибините, во една ситуација судијата Зоран Митровски имаше проблем со окото по пукната петарда во негова близина, но мечот се доигра со публика.

За МЗТ ова е 17-то финале, во кое ќе се сретне со Пелистер ило ТФТ.

- Оглас -

Најнови вести