Штрковите со лекција за Академија ФМП, 14-то куп финале за МЗТ

МЗТ Скопје Аеродром е прв финалист на кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски Буштур“ откако го совлада Навико Академија ФМП со 92-72 и утре ќе го игра своето 14-то финале во ова натпреварување, во обид по десетти пат да го крене победничкиот трофеј. Во финалето, ривал на МЗТ ќе биде Работнички или Еуро Никел.

Клучна беше третата четвртина во која МЗТ направи огромна предност. Пет играчи на МЗТ имаа двоцифрен број на поени, а кај Академија ФМП само двајца беа двоцифрени и тука беше разликата која пресуди во полза на аеродромци.

- Оглас -

Најнови вести