Шанса за Чурлинов да игра повеќе – Штутгарт остана без легендата, сега си оди и најдобриот стрелец

Нападот на Штутгарт ќе биде значително ослабен за идната сезона, а по легендата Марио Гомес, кој ја заврши кариерата, сега заминување најави и најдобриот стрелец Николас Гонзалес.

Аргентинецот блескаше во успешната сезона на Штутгарт, во која клубот успеа да избори пласман во Бундеслигата, но сега најави дека ќе ја смени средината.

Гонзалес беше стрелец на 14 голови, најмногу од сите играчи на Штутгарт и вкупно беше осми стрелец во популарната Цвајта.

„Приказната со Штутгарт за мене беше убава, но време е да завртам нова страница во фудбалската кариера. Ќе си заминам ова лето од клубот“, најави популарниот Нико.

Член на Штутгарт е македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и тој ако не се случи некакво изненадување и трансфер, ќе биде наш претставник во Бундеслигата за идната сезона.

Дарко во јануари годинава се пресели од Келн во Штутгарт и повторно успеа да се избори за настап во Бундеслигата. Сезонава играше на шест меча за новиот клуб или вкупно околу 180 минути и постигна едне гол против Динамо во Дрезден.

 

- Оглас -

Најнови вести