Пет интересни натпревари, од кои три се од Бразил, а по еден од Италија и Австрија, се дел од Квотите на денот во Sport Life. Заедничко на сите пет меча им е тоа што се очекува ефикасен фудбал, а искомбинирани на еден тикет прават квота еднаква на 35.
Понудата ја отвораат екипите на Сасуоло и Специја, кои ќе одиграат дуел од Купот на Италија. Понудената квота за овој натпревар е 1.95, а за да биде добитна потребно е да бидат постигнати помеѓу еден и три гола во двете полувремиња.
Ефикасно и со победа на гостинската екипа се очекува да биде на мечот од Купот на Австрија помеѓу градските ривали ГАК и Штурм. Квотата од 2.20 ќе биде добитна доколку Штрум победи, а притоа на мечот бидат постигнати голови во двете полувремиња.
На првиот од трите понудени натпревари од бразилската Серија А за да биде добитна квотата од 1.90, потребно е екипите на Куиба и Васко да Гама да постигнат најмалку еден погодок во првото полувреме, а вкупно на целиот натпревар најмалку два.
За вториот натпревар од бразилското првенство, понудената квота е 1.95, а за да биде добитна, треба да има најмалку еден гол во првото полувреме, но и Брагантино да не загуби на гостувањето кај Гојас.
Сао Пауло е голем фаворит во дуелот против Крузеиро и се очекува победа, но за да биде добитна квотата од 2.20, треба да има и најмалку еден гол во второто полувреме.