Германскиот гигант Баерн Минхен официјално стапил во контакт со Штутгарт за потенцијален трансфер на напаѓачот Ник Волтемаде, објави реномираниот германски „Кикер“. Двата клуба веќе ги размениле првичните позиции околу висината на обештетувањето, но јазот меѓу нив е значителен.
Штутгарт инсистира дека за да се раздели со својот највреден фудбалер, ќе бара најмалку 100 милиони евра. Од друга страна, шампионот од Минхен е подготвен да понуди околу 50 милиони евра – двојно помалку од очекуваното од таборот на Швабите.
Волтемаде има уште три години од актуелниот договор со Штутгарт и нема клаузула за откуп, што значи дека клубот има целосна контрола врз иднината на играчот. Ова најверојатно ќе ги направи преговорите долги и многу комплексни.
Сепак, желбата на фудбалерот би можела да биде клучен фактор. Според извори блиски до фудбалерот, Волтемаде веќе постигнал договор со Баерн за петгодишен договор со фиксна годишна плата од 7,5 милиони евра, која со бонуси може да достигне и до 10 милиони. Тој веќе го информирал Штутгарт дека нема намера да потпише нов договор и дека сака трансфер токму во Баерн Минхен ова лето.
Очекувањата се дека официјалните преговори меѓу клубовите ќе започнат во почетокот на наредната недела.