Штутгарт е лидер во Бундеслигата, голгетерот испиша историја

Екипата на Штутгарт славеше со 3:1 против Дармштат во меч од петото коло во Бундеслигата. Со оваа победа Штутгарт стигна до 12 бодови и се искачи на врвот на табелата пред Баерн Минхен и Баер Леверкузен кои имаат по 10 бодови, но овие два клуба имаат одиграно и еден меч помалку.

Дармштат поведе со автоголот на Загаду, но до крајот на првиот дел, Штутгарт направи пресврт за водство од 2:1. Интернационалецот од Гвинеја, Гираси погоди за 2:1, а потоа погоди и за 3:1 со што ја продолжи и својата неверојатна серија погодоци.

За Гираси ова беше десети погодок сезонава во само пет натпревари, а низ историјата на Бундеслигата само Роберт Левандовски имал 10 погодоци во првите пет кола и тоа во сезоната 2020/21.

- Оглас -

Најнови вести