Александар Васоски очекува продолжување на мртвата трка за титулата помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн и две победи на фаворитите, денеска во натпреварите од 25. коло во Бундеслигата. Тренерот на Вардар прогнозира и ефикасен меч во Фрајбург, мало изненадување во Мајнц и победа на Лајпциг.
Борусија Дортмунд – Штутгарт (Сабота, 15.30 часот)
Борусија ги заврши настапите во Лигата на шампионите и сега им преостана битка за титулата на еден фронт, во Бундеслигата.
Иако се во криза со резултатите, очекувам денеска убедливо да го победат Штутгарт. Гостите немаат квалитет да му се спротивстават на лидерот и очекувам убедлива победа на Борусија. Во прилог на домаќините им оди и традицијата, а на последните 7 меѓусебни дуели имаат шест победи против Штутгарт.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.45)
Фрајбург – Херта (Сабота, 15.30 часот)
Тука би одиграл на голови, бидејќи и двете екипи играат напаѓачки фудбал. Фрајбург е релативно безбеден во битката за опстанок и има 8 бода повеќе од Штугарт, па може да одигра без притисок.
Херта е во битка за позициите кои гарантираат настап во европските купови, веројатно максимумот може да биде пласман во Европа Лигата, па и гостите ќе играат без императив. Тука за похрабрите прогнозери би препорачал и 4+, но како посигурна варијанта ќе типувам дека ќе има најмалку 3 гола.
Предлог тип: 3+ (2.07)
Баерн Минхен – Волфсбург (Сабота, 15.30 часот)
Баерн Минхен е во серија, а кога е така шампионот на Германија е најопасен. Му доаѓа опасен гостин, еден од најдобрите во германското првенство.
Волфсбург сезонава игра извонредно кога гостува, освои дури 23 бода и е втор најдобар тим во таа категорија, токму зад Баерн. Сепак тешко играат против Баварците и на последните неколку меѓусебни дуели губеа и со 0:6, 0:5, 1:5…
Баерн е фаворит и очекувам со голови во првото полувреме да го реши мечот.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.22)
Лајпциг – Аугсбург (Сабота, 15.30 часот)
Ова е уште еден дуел во 25. коло на екипи што бијат битка за различна цел. Лајпциг е на третото место и има реални шанси да се избори за настап во Лигата на шампионите, додека Аугсбург е во мисија да се обезбеди опстанок.
Лајпциг е во одлична серија од 7 натпревари без пораз, додека Аугсбург има големи маки со повредите на играчите.
На листата има дури 13 фудбалери чиј настап денеска во Лајпциг е неизвесен, па очекувам домаќините да ја оправдаат улогата на фаворит и да победат во ефикасен меч.
Предлог тип: 1&3+ (1.85)
Мајнц – Борусија Менхегладбах (Сабота, 18.30 часот)
Денеска очекувам изненадување во Мајнц и ефикасен меч на домашната екипа. Иако за нив Борусија Менхенгладбах е незгоден ривал и нема пораз од Мјанц на последните 5 меча, сепак очекувам гостите да примат најмалку два гола.
Дали тоа ќе биде доволно за победа против фаворитот ќе видиме, но прогнозирам дека мрежата на Зомер ќе се тресе најмалку двапати.
Предлог тип: Т1 2+ (2.50)