16.8 C
Skopje
недела, 1 март 2026

Штутгарт го декласира Волфсбург и гледа кон ЛШ

Штутгарт одигра моќно прво полувреме и практично уште пред паузата го реши прашањето на победникот против Волфсбург, за конечни 4-0 во 24-тото коло на Бундеслигата.

Домаќините ја наметнаа својата игра од самиот старт, а иницијативата беше крунисана во 21-та минута. По одлична акција по левата страна и приземна топка во шеснаесетникот, Демировиќ само ја допре топката, а Дениз Ундав рутински реализираше за водство од 1-0.

Во продолжението од првиот дел, Штутгарт целосно доминираше. Волфсбург не упати ниту еден удар во рамките на голот, а нов погодок „висеше“ во воздух. Тој пристигна во 30-та минута по акција како од учебник – по асистенцијата на Фирих, Џејми Левелинг прецизно заврши за 2-0.

Истиот фудбалер повторно стапи на сцена во 42-та минута. Доби топка на работ од казнениот простор, силно шутираше под гредата и го постави конечниот резултат од првото полувреме, убедливи 3-0.

Во вториот дел темпото опадна. Волфсбург се обиде да воспостави рамнотежа и да создаде притисок, но Швабите сигурно ја контролираа ситуацијата и не дозволија закана пред својот гол. Во судиското продолжение, домаќините ставија точка на натпреварот со уште еден погодок, овојпат преку Нарти, за конечни 4-0 и нови три бода.

- Оглас -

Најнови вести