Динамо Москва – Урал (19.00 часот)
Екипата на Урал е најпријатно изненадување во првите две кола од руската елитна лига. Двете убедливи победи секако треба да бидат аларм за Динамо, кој против Арсенал Тула одигра само 1-1, загуби од Рубин Казањ и не би било добро да направи нов кикс. Последниот пат кога Урал му гостуваше на Динамо, московјаните славеа со 4-0. Квотата на денот на Sport Life ги фаворизира домашните.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.60)
Штутгарт – Хановер (20.30 часот)
Ланските прволигаши сега ќе си ги одмерат силите во втората Бундеслига, и тоа уште на отворањето на сезоната. Хановер во подготвителниот период одигра десет пријателски средби против послаби тимови и доби седум, а Штутгарт на седум контроли даде 21 гол. Штутгарт успеа да победи тимови како Фрајбург и Базел во мечеви на кои и примаше по два гола. Традицијата најавува ефикасен меч.
Предлог тип: ГГ прво/второ (2.20)
Рапид Виена – Салцбург (20.45 часот)
Рапид минатата сезона во Австрија ја заврши на осмото место во конкуренција на 12 тима и тоа за него е катастрофа. Од друга страна, Салцбург беше невидено доминантен, освои 52 бода, а само два тима ја преминаа границата од 30 бода. Црвени бикови имаа добри резултати и во пријателските мечеви, на секоја од последните три средби даваа барем по три гола. Салцбург доби 9 од последните 11 гостувања во Виена. Овојпат можеби ќе се мачи во првото полувреме, но нема да загуби.
Предлог тип: 1Х-Х2 (2.30)
Генк – Кортријк (20.30 часот)
Актуелниот белгиски првак Генк го победи Мехелен со чисти 3-0 во Суперкупот и најави дека и сезонава е главен кандидат за титулата. Кортријк не играше лошо на гостински терен, но тешко дека може да се надева на позитивен исход на гостување кај Генк, иако во минатата сезона успеа да извлече 1-1. Генк од април 2017 не знае за лигашка победа против вечерашниот ривал и дојдено е време да се прекине постот.
Предлог тип: 1 (1.50)
Сошо – Каен (20.00 часот)
Некогашните стабилни француски прволигаши сега се ранг подолу. Каен по испаѓањето, првиот меч како второлигаш го има со Сошо, кој неодамна одигра 0-0 во пријателски дуел со Мец. Двата тима ќе одат на победа, мора уште од прво коло да собираат бодови ако сакаат да се вратат во елитата. Можеби со нерешено би се задоволиле и едните и другите.
Предлог тип: Х (2.85)