Штутгарт ја прекина најлошата серија во историјата на клубот но, пак изгуби (ФОТО)

По пауза од пет ипол натпревари, односно 518 минути, фудбалерите на Штутгарт конечно, постигнаа гол и ја прекинаа најцрната серија во историјата на клубот.

Но, и покрај тоа, оваа екипа загуби со 2:3 на домашен терен од Ајнтрахт Франкфурт во меч од 21-то коло во германската Бундеслига.

Обите Еван Ндика со гол во седмата минута донесе водство за гостите, а серијата на Штутгарт ја прекина Валдемар Антон пред крајот на првиот дел.

Ново водство за гостите донесе Ајдин Хрустич на стартот од второто полувремеа домаќините својот втор гол го постигнаа преку Саша Кајлаџиќ во 70-та минута.

Сепак, Хрустич со својот втор гол донесе грагоцени три бода за Ајнтрахт, кој сега е на деветтото место и има бројка од 31 бод.

Штутгарт, пак, останува на претпоследната позиција со 18 бодови.

БУНДЕСЛИГА

Келн – Фрајбург 1:0

Арминија Билефилд – Борусија менхенгладбах 1:1

Аугсбург – Унион Берлин 2:0

Мајнц – Хофенхајм 2:0

Штутгард – Ајнтрахт Франкфурт 2:3

 

- Оглас -

Најнови вести