Штутгарт на 27 натпревари по ред прима гол во Бундеслигата, но и покрај тоа го растури Бохум

Екипата на Штутгарт славеше со убедливи 4:1 против Бохум во рамки на 10. коло во Бундеслигата. „Швабите“ победата ја најавија уште во третата минута кога Силас погоди од пенал за 1:0.  Во 22. минута на 2:0 зголеми Ахамада, а до крајот на првиот дел гостите успеаја да го намалат резултатот преку Золер.
Сепак, тоа беше се што направија играчите на Бохум, а Штутгарт во вториот дел со уште еден гол на Силас и еден на Ендо дојде до убедлив триумф од 4:1.

Интересно е што ова беше 27 натпревар по ред на кој фудбалерите на Штутгарт примаат гол во Бундеслигашните средби, но и покрај тоа дојдоа до убедлив триумф.

Убедлива победа од 5:1 славеше и Ајнтрахт Франкфурт во дуелот со Баер Леверкузен кој продолжува со слабите игри сезонава. Домаќините поведоа со голот на Камада во петтата минута од судиското продолжение во првиот дел, а Баер израмни во 56 минута преку Хинкапи.

Домаќините предноста ја вратија само две минути подоцна благодарени на Коло Муани, а потоа победата ја заверија со головите на Линдстром, Камада и на Аларио. Ајнтрахт со победата се искачи на четвртото место на табелата со 17 бода, додека Баер е 16 со само осум освоени бода.

Ефикасен натпревар одиграа и Волфсбург и Борусија Менхенгладбах 2:2. Двете екипи постигнаа по еден гол во двете полувремиња и на крајот ги поделија бодовите. Стрелци за Волфсбург беа Герхард во 43. и Мармуш во 69. минута, додека за гостите двоен стрелец беше Маркус Тирам (13. и 48.).

Мајнц со головите на Ингвартсен во 36. и на Јае-Сунг Ли во 66 минута го победи Вердер како гостин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести