Штутгарт не дозволи изненадување и останува бундеслигаш и следната сезона (Видео)

Екипата на Штутгарт е последниот, 18-ти, член на Бундеслигата за следната сезона. Ова стана јасно откако го одигра и вториот натпревар од плејаутот против Хамбургер, на кој забележа победа од 3-1. Дуелот беше само формалност бидејќи Штутгарт на домашен терен забележа убедлива победа од 3-0.

Домашните не мислеа така и уште во шестата минута дојдоа во водство од 1-0 со голот на Сони Кител. Сепак, во продолжение од мечот тргнаа на сè или ништо, а тоа остави многу простор за навалните фудбалери на Штутгарт, кои двапати успеаја да ја затресат мрежата на Хамбургер.

Енцо Милот во 48-мата и 64-тата минута беше двоен стрелец за комплетен пресврт, со што екипата на Штутгарт само ја потврди домашната победа и фактот дека во моментов е поквалитна од Хамбургер, кој оваа сезона заврши на третата позиција во втората Бундеслига. Конечните 1-3 беа дело на Силас во 97-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести