1011 Шефилд јунајтед – Сандерленд (16:00)
Шефилд јунајтед или Сандерленд следната сезона ќе играат во англиската Премиер лигата, но за тоа ќе мора една од екипите да победи во финалето од плејофот на Чемпионшип дивизијата на „Вембли“. Три од последните четири мечусебни натпревари на овие две екипи завршуваа со идентични 2-1 за една од екипите, а головите нема да изостанат и на денешниот дуел.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.35)
1302 Реал Мадрид – Реал Сосиедад (16:15)
Карло Анчелоти за последен пат ќе го води Реал Мадрид, а од понеделник ќе биде селектор на Бразил. Дуелот на „Сантијаго Бернабе“ против Реал Сосиедад нема никакво резултатско значење, па она што може да се очекува се головите и тоа во двете мрежи. „Кралевите“ на последните пет меча само еднаш ја сочуваа својата мрежа чиста, додека на Реал Сосиедад тоа не му успеало на последните 16 натпревари.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.83)
3002 Милан – Монца (20:45)
Фудбалерите на Милан на последниот меч од оваа сезона во Серија А на домашен терен ќе играат против „фенерџијата“ Монца, екипа која од следната сезона че игра во Серија Б. „Црвено-црните“ сакаат со победа да ја завршат лошата сезона за нив, но со оглед на фактот дека мечот нема резултатско значење, за очекување е дека гостите барем еднаш ќе ја затресат нивната мрежа.
Предлог тип: 1 & ГГ (2.30)
1881 Арминија Билефелд – Штутгарт (20:00)
Арминија Билефелд како првопласирана на табелата успеа да се искачи од третата во втората германска лига, но изненадувачки и да стигне до финалето на германскиот Куп. Сепак, бундеслигашот Штутгарт е голем фаворит за трофејот, кој го немаат освоено цели 28 години, односно од 1997 година. Овие две екипи последниот меѓусебен меч го одиграа во 2022 година, во 1/16-финалето од Купот, а Штутгарт тогаш славеше со убедливи 6-0.
Предлог тип: 2 & 3+ (2.00)
3135 Црвена ѕвезда – Младост Лучани (19:00)
Дуелот против Младост Лучани е последен за Црвена ѕвезда оваа сезона. Белградските „црвено-бели“ дојдоа до рекордната петта двојна круна по ред, па на овој дуел поголема минутажа ќе добијат фудбалерите кои до сега ја немаа. Бодовната разлика помеѓу Црвена ѕвезда и Младост Лучани на табелата во српската Супер лига е неверојатни 50 бода (97-47), но последните девет првенствени натпревари на „црвено-белите“ завршуаа „гол-гол“.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.81)