Штутгарт победи на гости и ја разгоре битката за опстанок во Бундес лигата (Видео)

Екипата на Штутгарт забележа победа која ја носи на чекор од опстанок во Бундес лигата. Тие денес го декласираа составот на Мајнц и тоа на гостински терен со 1-4.

Сепак, дуелот не започна добро за гостите. Ингвартсен во 23-тата минута го донесе Мајнц во водство од 1-0. До крајот на првиот дел гостите успеаја да израмнат преку Ендон во 41-вата минута.

Во второто полувреме екипата на Штутгарт постигна три погодоци преку Гураси, Фурих и Кулибали за убедлива победа од 1-4.

Штутгарт со оваа победа се израмни на делба на 15-тата и 16-тата позиција со 32 бодови, колку што има и екипата на Бохум, во зоната за бараж. Екипата на Шалке со 31 поен е на претпоследното место во Бундес лигата и последното коло ќе го даде одговорот која екипа ќе и се приклучи на Херта во “цвајта“, а која ќе игра бараж-натпревар за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести