Фудбалерите на Штутгарт продолжуваат со одличните игри сезонава и вечерва со 3:0 славеа на гостувањето кај Хофенхајм во мечот кој се играше во рамки на 26-тото коло во Бундеслигата.
Со победата, Штутгарт се зацврсти на третото место на табелата со 56 бода, седум повеќе од четвртопласираниот Ред Бул Лајпциг и девет од петтата Борусија Дортмунд.
Хофенхајм пак, со вториот пораз по ред, остана на 33 бода и сега има седум бода помалку од позицијата која води во европските купови следната сезона.
Енцо Мило во 16-тата минута го отвори резултатот, а во последните моменти од првото полувреме, Гираси зголеми на 0:2. Конечниот резултат го постави Левелинг во 68-та минута.