Серхио Перес прв пат ќе стартува од пол позиција на една трка во Ф1 шампионатот, откако вчера имаше најбрзо време на патеката за Голема награда на Саудиска Арабија. Освен одличното возење на Мексиканецот, квалификациите ги одбележа и страшниот судар на младиот Германец Мик Шумахер.
Возачот на Хас во првиот сектор загуби контрола над болидот и во седмиот свиок, речиси со полна брзина се удри во ѕидот. Камерите веднаш престанаа да снимаат, затоа што се виде дека ситуацијата е сериозна.
Mick Schumacher will miss the Saudi Arabian GP after a huge accident in qualifying.
That Mick is physically well after the crash is another reminder of the strength and safety of modern F1 cars for which we are incredibly thankful#SaudiArabianGP #F1 pic.twitter.com/qhLcw0elb7
— Formula 1 (@F1) March 26, 2022
Лекарите кои први дојдоа на помош, потврдија дека Шумахер е во свесна состојба, но поради сериозноста на ударот, возачот мораше да биде префрлен во болница и тоа со хеликоптер.
Неколку часа по приемот во болница, Шумахер откри дека се чувствува добро.
„Здраво на сите, сакам да ви кажам дека сум добро. Ви благодарам на сите на пораките за поддршка. Ќе се вратам уште посилен“, беше пораката од Мик, син на легендарниот Михаел Шумахер.