13.8 C
Skopje
среда, 15 октомври 2025

Шумахер се потпишал на кацига за хуманитарни цели: „Тоа е знак за живот“

Малку се знае во јавноста за здравствената состојба на поранешниот Формула 1 шампион и, според многумина, најдобриот возач во историјата на овој спорт, Михаел Шумахер.

Тој веќе 12 години живее повлечен од јавноста по падот на француските Алпи, а според луѓето блиски на семејството, тој комуницира, но никој не може да потврди дека го видел како се движи.

Неодамна се појави кацига потпишана од 20 светски шампиони, помеѓу нив и од Михаел Шумахер, а француски новинар тврди дека сопругата му помогнала да се потпише.

„Не се знае како точно успеал да се потпише, можеби сопругата му помогнала, така што му ја држела раката. Но, тоа е прв позитивен знак, знак за животот кој доаѓа од него“, вели новинарот на Л’Екип.

Новинарот на Л’Екип ги коментираше и информациите поврзани со здравјето на седумкратниот светски шампион.

„Не знаеме што точно се случува. Знаеме дека дише и комуницира со семејството, но се чини дека не зборува и никој не го видел како оди. Не би рекол дека му е добро, но можеби му е подобро од претходно. Сите информации доаѓаат од неговиот најблизок круг на луѓе“, вели новинарот.

Михаел Шумахер долго беше во кома по падот на француските Алпи на 29 декември 2013 година и од здобиените повреди на главата, а лекарите оттогаш водат битка за неговото здравје.

- Оглас -

Најнови вести