За десетина дена ќе се одбележат точно пет години од страшната скијачка несреќа во која тешко беше повреден Михаел Шумахер. Легенданиот седумкратен шампион во Формула 1 падна и тешко ја повреди главата додека беше на скијање во Франција, во 2013 година.
Од тој момент досега трае долгата рехабилитација на Германецот. Со години не се знаеше каква е неговата состојба, а сега стигна една позитивна вест. Сè почести се информациите дека состојбата на Шумахер полека се подобрува. Дури излезе информација дека Шуми конечно станал и од креветот.
За еднонеделен лекарски третман на Шумахер се трошат 50.000 фунти.