Шумахер за првпат по несреќата може да се појави во јавност и тоа на свадбата на неговата ќерка?

Михаел Шумахер кој пред повеќе од десет години доживеа тешка несреќа додека скијаше на француските Алпи и оттогаш неговата здравствена состојба е мистерија, налето би можел за првпат да се појави во јавност.

Според германските медиуми, Шумахер би можел да се појави на венчавката на неговата ќерка која е закажана налето.

Џина-Марија Шумахер налето треба да се омажи за својот избраник Јан Бетке, а свечената церемонија ќе се одржи во Мајорка, Шпанија, каде семејството има вила. Наводно, седумкратниот формула 1 шампион веќе е префрлен во Мајорка од Швајцарија каде ги има сите услови за лекување.

Но, оваа информација ниту е потврдена ниту е демантирана бидејќи семејството на Михаел не објавува никакви информации за здравствената состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести