Нотингaм Форест оваа сезона се бори за опстанок во Премиер лигата, но тоа не им пречеше да го совладаат Ливерпул на „Енфилд Роуд“ со убедливи 0-3, остварувајќи втора победа по ред на легендарниот стадион во последните две години.
Ливерпул го доживеа шестиот пораз сезонава, голем удар за амбициите на тимот на Арне Слот, кој потроши над 300 милиони евра во преодниот рок.
Во првото полувреме, Муриљо донесе водство за гостите во 33-тата минута.
На почетокот на второто полувреме, Савона зголеми на 0-2, а иако Слот реагираше со внесување на Екитике и Киеза и уште поофанзивна формација, Нотингам Форест продолжи да доминира.
Гибс-Вајт во 78-та минута го постави конечниот резултат, запишувајќи ја најубедливата победа на Шумарите оваа сезона во Премиер лигата.
Кристал Палас забележа победа на гостувањето кај Вулверхемптон со 0-2, благодарение на головите на Муњоз и Пино во второто полувреме.
Фулам на „Кревен Котиџ“ го совлада Сандерленд со 1-0. Клучниот момент го донесе Раул Хименез со погодок во 84-та минута, обезбедувајќи три бода за домаќините.
Брајтон исто така освои три бода на домашен терен против Брентфорд (2-1). Гостите поведоа преку Тиаго од пенал во првиот дел, но Велбек и Хиншелвуд донесоа пресврт.
Најефикасниот меч меѓу Борнмут и Вест Хем заврши 2-2.

