Фудбалерите на Нотингем форест се најпријатното изненадување оваа сезона во Премиер лигата, а со резултатите покажуваат дека победата над Ливерпул на „Енфилд“ не била случајна. Популарните „шумари“ вечерва се радуваа на нова победа, овој пат над Лестер на гостински терен со 1-3.
Нотингем со оваа победа се искачи на петтата позиција на табелата во Премиер лигата и веќе може да размислува за борбата за излез во фудбалска Европа.
Немоќен на овој меч беше и легендарниот Џејми Варди, чиј гол за 1-1 не беше доволен за бод(ови) за Лестер, со оглед на тоа дека нивниот противник првпат оваа сезона даде три гола.