28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Шумарите после 31 години го победија дома Манчестер, и можеби му потпишаа отказ на Тен Хаг (Видео)

Манчестер јунајтед имаше 11 победи по ред во меѓусебните дуели со Нотингам форест, 31 години не знаеше за пораз на гостувањата на „Сити граунд“, а на овие две серии и традиции вечерва им дојде крај.

Шумарите ги совладаа Црвените ѓаволи со 2-1 во меч на кој сите три гола паднаа во второто полувреме. Јунајтед на дури 14 од 20-те меча сезонава не дава гол во прво полувреме.

Манчестер од 2011 немаше пораз на последниот меч во една календарска година. Лани, Манчестер јунајтед го победи Нотингам форест со 3-0 во последниот меч во 2022 година.

https://twitter.com/i/status/1741175265575756002

- Оглас -

Најнови вести