Екипата на Нотингем форест е најпријатното изненадување во англиската Премиер лига сезона. По 20 одиграни кола, Нотингем има 40 бодови, исто колку што има и Арсенал. Само лидерот Ливерпул со 46 бодови од 19 меча има подобар биланс од Нотингем.
Пред две и пол година, овој клуб реши да направи целосен рез во составот и донесе дури 23 нови фудбалери, а сега се покажува дека тоа било исправен потег. Две години овој тим се уигруваше, а сезонава се покажуваат резултатите.
Нотингем синоќа убедливо со 3:0 славеше кај Вулверхемптон и тоа беше шеста победа по ред за Шумарите. Ниту еден друг клуб во Премиер лигата сезонава не може да се пофали со шест победи по ред во првенството, што само потврдува за квалитетот и одличната форма во која се наоѓа Нотингем.
Серијата победи на Нотингем започна на гостувањето кај Манлестер јунајтед (3:2), а потоа продолжи и против Астон вила (2:1 дома), Брентфорд (2:0 гости), Тотенхем (1:0 дома), Евертон (2:0 гости) и Вулверхемптон (3:0 гости). Следниот меч Нотингем ќе го игра на свој терен и тоа против лидерот Ливерпул.
Последен пат Нотингем имал шест победи во елитното англиско друштво во далечната сезона 1966/67.