„Шумарите“ се пред враќање во Премиер лигата по 23 години, против Хадерсфилд ќе играат во најскапиот меч

Некогашниот европски првак, Нотингем Форест се пласираше во финалето во плеј-офот на Чемпионшип лигата, откако по подобро изведување на пенали го победија Шефилд јунајтед.

Исходот по првата средба беше 2:1 за Нотингем, а овде гостите триумфираа со истиот резултат, па затоа мораше да се игра дополнителни 30 минути, а потоа и пенали.

Нотингем во 19-та минута поведе преку Бренан Џонсон и кога сите мислеа дека ќе биде лесна завршница, гостите во вториот дел направија целосен пресврт.

Со головите на Морган Гибс Вајт (47′) и Џон Флек (75′), тие го свртеа резултатот во своја корист и дојдоа до пеналите. Но, таму херој на домашниот тим беше голманот Брис Самба кој што одбрани дури три пенали и со тоа му овозможи пласман на својот тим во финалето на „Вембли“.

Нотингем го дели само еден меч од враќање во Премиер лигата по 23 години, а ривалот во најскапиот меч ќе им биде Хадерсфилд.

Средбата вредна повеќе од 100 милиони евра ќе биде на легендарниот „Вембли“ во сабота од 16 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести