„Шут -карта“ за Покетино и Леонардо, ПСЖ во потрага по нов тренер

Веќе нема дилеми околу иднината на Маурисио Покетино во ПСЖ. Тренерот ќе биде разрешен во наредните денови по конечната одлука на клупскиот претседател Насер Ал-Келаифи.

Заедно со Покетино заминува и спортскиот директор Леонардо, а за него веќе е најдена замена во поранешниот трансфер гуру на Монако, Луис Кампос.

Светците ќе ја потврдат оваа информација во најскоро време, а веќе е започната потрагата по нов стратег кој ќе има тешка задача да ја води екипата со мега-ѕвездите како Меси, Нејмар и Мбапе.

Дали тоа ќе биде Зинедин Зидан како што се шпекулира, останува да се види.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести