Шут за победа, топката е на обрачот, изразот на лицата на кошаркарите е бесценет (Видео)

Бостон селтикс загуби во првиот меч од новата сезона во НБА-лигата, а потоа нареди 10 победи во низа. Тој триумфален поход синоќа беше сопрен, и тоа на меч против Сакраменто. Кралевите победија минимално со 100:99, а интересно е што Бостон беше само на неколку милиметри да стигне до 11-тата победа по ред.

Селтикс го имаа последниот напад на мечот, преку кој можеа да стигнат до победата. Маркус Смит ја презеде одговорноста да шутира за победа, влезе во рекетот, ја исфрли топката, која почна да „танцува“ на обрачот. Играчите на Бостон кои беа на клупата возбудено чекаа да биде кош, но топката си поигра на обрачот и излезе, а Сакраменто се радуваше на триумфот.

 

- Оглас -

Најнови вести