20.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Шутира пенали како во маало и дебитираше во најсилната селекција на Англија (ВИДЕО)

Марко Гуеји дебитираше за англиската репрезентација на средбата против Швајцарија. Младиот дефанзивец на Кристал палас, којшто минатото лето дојде од Челзи за 24 милиони евра, импресионираше со своите настапи во премиерлигашот.

Тој за тимот од Лондон најчесто настапуваше за составот до 21 година и не добиваше шанса меѓу најдобрите. Добрата форма беше крунисана со 90-минутен настап во победата на Гордиот Албион во неделата со 2:1 против Швајцарците.

Марк привлече многу внимание со својата техника на изведување на пеналот, каде што тој не зема залет. Тоа најубаво се гледа на видеото на меч од младинската Лига на шампиони. Слично како во маалските изведувања на пенали, без залет, тој го изненадува голманот и најчесто погодува.

- Оглас -

Најнови вести