Швајцарецот Шаќири се држеше за срце додека се интонираше химната на Косово (Видео)

Џердан Шаќири и Гранит Џака и по осамостојувањето на Косово одлучија да играат за репрезентацијата на Швајцарија, а синоќа добија овации на стадионот во Приштина, за разлика од некои други Швајцарци кои играа за Косово, па се премислија.

Шаќири кој е роден во Косово, но со родителите се преселил во Швајцарија кога има само една година, најави дека ако даде гол нема да се радува, а уште поголема почит кон родната земја искажа пред мепот, при интонирањето на химните.

Додека се интонираше химната на Косово, Џердан се држеше за срце, што многумина го толкуваат како непочитување кон Швајцарија. Џака кој истотака потекнува од Косово, беше порезервиран и не се држеше за срцето.

- Оглас -

Најнови вести