Швајцарецот со македонски корени го одби Манчестер јунајтед, чека подобра понуда од Милан

Милан подготвува подобрена понуда за играчот од средниот ред на Бриж, Ардон Јашари, објавуваат италијанските медиуми.

Клубот од „Сан Сиро“ веќе понуди 27 милиони евра, плус 3 милиони бонуси за 22-годишниот швајцарски фудбалер, кој има македонско потекло. Тој е роден во Швајцарија, но неговите родители потекнуваат од Македонија.


Клуб Бриж, сепак, за него бара најмалку 35 милиони фиксно, како и дополнителни бонуси. Според италијанските медиуми, Милан наскоро ќе достави нова понуда со зголемени бонуси до 5 милиони евра.

Според белгиски извори, Јашари одбил понуди од Манчестер јунајтед и од Фулам, со образложение дека Ѓаволите во моментов се нестабилен клуб, а Фулам не ги исполнува неговите амбиции.

Во минатата сезона Ардон Јашари одигра 52 натпревари, постигна четири гола и забележа шест асистенции и беше прогласен за најдобар играч во белгиското првенство.

- Оглас -

Најнови вести