Македонските навивачи беа присутни во „Мерцедес бенц арената“ во Берлин и го проследија првиот дуел од нашата група, оној помеѓу Франција и Швајцарија. Тие заедно со домашните фанови навиваа за аутсајдерот Швајцарија кој успеа да дојде до сензационално реми против актуелниот олимписки шампион.
Нашите навивачи каде и да одат создаваат нови пријателска, а така беше и вечерва со германските фанови, но за кратко секоја ќе си оди на своја страна и ќе навива за својата репрезентација, бидејќи во вториот меч во Берлин вечерва играат токму Германија и Македонија.