Храбри се Швајцарците, пак ќе играат продолженија, но Шпанија има голема предност (Видео)

Швајцарија повторно одигра одлично второ полувреме и успеа да одигра нерешено во регуларниот дел и по вторпат во нокаут фазата на Европското првенство, па и со вториот гигант, Шпанија, ќе игра продолженија.

Мечот во регуларниот дел во првото четвртфинале на ЕП заврши нерешено, 1:1, но Шпанците ќе имаат голема предност и играч повеќе во дополнителното време од двапати по 15. минути.

Ремо Фројлер доби црвен картон во 77. минута и тоа за непотребно груб старт, па веднаш беше исклучен.

Претходно, Шпанија водеше со 1:0 со автоголот на Закарија во 8. минута по ударот на Алба кон голот на Швајцарците, а израмнување донесе Шакири еден час подоцна, со гол во 68. минута.

Потоа Фројлер беше исклучен во 77. минута и Швајцарија ќе игра во продолженијата со 10 фудбалери.

Стартот на Фројлер за црвен картон можете да го видите ОВДЕ.

Швајцарците вторпат по ред ќе играат продолженија, откако во осминафиналето на пенали ја елиминираа Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести