Швајцарски предизвик за Барди, украински за Тричковски во плејофот во Конференциската лига

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот Трабзонспор во плејофот за пласман во осминафинале во Конференциската лига ќе играат против екипата на Базел, одлучено е на ждрепката што денеска се одржа во Нион, Швајцарија.

Во плејофот ќе настапи уште еден Македонец, Иван Тричковски, кој настапува за АЕК Ларнака. Тие ќе играат двомеч со украинскиот тим Днипро-1.

Дерби на плејофот е двомечот меѓу Брага и Фиорентина, додека Лацио го очекуваат два натпревари против Клуж.

Единствениот тим што ќе преземи во Европа, а доаѓа од просториите на поранешната СФРЈ, Партизан, за противник го доби молдавскиот Шериф Тираспол.

Двојки за плејоф:
Карабах – Гент
Трабзонспор – Базел
Лацио – Клуж
Бодо/Глимт – Лех Познањ
Брага – Фиорентина
АЕК Ларнака – Днипро11
Шериф – Партизан
Лудогорец – Андерлехт

- Оглас -

Најнови вести